24фудбал

Кулушевски за шпекулациите со Манчестер јунајтед и Арсенал: Среќен сум во Парма, го пронајдов перфектниот клуб

Со два погодоци и дури пет асистенции, Кулушевски е во водечката тројка фудбалери во најдобрите пет фудбалски шампионати во Европа за најмногу асистенции на фудбалери под 23 години.

Италија

Несудениот македонски репрезентативец кој веќе почна со настапите во сениорскиот состав на Шведска, како и член на Парма каде игра на позајмица од тимот на Аталанта, Дејан Кулушевски, со своите блескави изданија сезонава го привлече вниманието на повеќе европски гиганти.

Интерес за 19 годишниот плејмејкер има од Островот, а таму се споменуваат Манчестер јунајтед и Арсенал, запрашан за тие шпекулации кои го поврзуваат со гигантите, Кулушевски беше краток и јасен во својата изјава.

Се чувствувам одлично во Парма, среќен сум што сум тука, го пронајдов перфектниот клуб, воопшто не размислувам за јануарскиот преоден рок, или евентуално некаков трансфер во истиот, имам договор со Парма“ наведе Кулушевски чија позајмица во Парма истекува идното лето.

„Кориере дела Сера“ извести дека Манчестер јунајтед имал скаути на мечот помеѓу Парма и Рома каде тимот на Кулушевски славеше со 2-0, а иако главна задача на скаутите била да се проследи изданието на Крис Смолинг, кој игра како позајмен од Манчестер јунајтед во Рома, сепак, Кулушевски бил фудбалерот кој импресионирал во нивниот нотес.