24фудбал

„Знаеме каде живееш... Знаеме која ти е ќерка“ – откриени детали од писмото со закани испратено до Антонио Конте

Медиумите од Италија откриваат ново детали за писмото со закани испратено до Антонио Конте, со име и презиме биле напишан членовите на семејството на стратегот, а бил спомнан и неговиот помошник Анотонио Пинтус.

Италија

Минатата недела беше објавено дека Антонио Конте добил куршум во коверт и закани. Медиумите од Италија сега имаат повеќе детали за писмото кое било испратено во канцелариите на Интер.

На писмото имало поштенска марка од Фиренца, но се уште не е утврдено дали било испратено токму од главниот град на Тоскана. Антонио Конте синоќа бил интервјуиран од Карабинерите, но стратегот не бил од голема помош во истрагата. Тој не го препознал ракописот, ниту пак содржината на писмото му навестувала кој може да биде авторот. Едноставно се сомневал дека се работи за фан на противничка екипа кој е бесен поради добрите резултати на Интер во Серија А.

Текстот бил напишан со големи букви, било користено црно пенкало, заканите и предупредувањата секогаш биле употребувани во множина: „Знаеме каде живееше... Знаеме која ти е ќерка“.

Со име и презиме биле напишани членовите на семејството на стратегот, а заканата се однесувала и на Антонио Пинтус, фитнес тренерот од Шпанија, кој ова лето пристигна во Интер и стана дел од персоналот на Антонио Конте.

Анализата на ковертот и куршумот (калибар кој се користи за ловечки пушки) се уште трае, а форензичарите се обиделе да извадат и отпечатоци.