24фудбал

На Деле Али твитот за Мурињо стана вирален, а е лага, еве зошто (ФОТО)

На социјалните мрежи, па низ медиумите се појави твит од Деле Али од 2012 година како зборува против Мурињо, но брзо беше откриено дека станува збор за лажна вест.

Англија
Мурињо уште го немал ниту првиот меч со Тотнем, а некој се обидува уште одма да го скара со своите фудбалери.

На социјалните мрежи се појави твит на Деле Али од 2012 година во кој тој наводно вели: „Сигурно не сум единствен кој смета дека Мурињо е преценет и многу арогантен... тоа само ве прави да изгледате како лош тренер, драго ми е што никогаш нема да треба да работам со него“.



Но брзо беше откриено дека се работи за лажен твит и тоа поради две работи.

Прво: Твитер дозволуваше максимум 140 карактери во твит се до 2017 година. Овој твит наводно е од 2012 а има 164 карактери. Деле Али никако не можел да го заобиколи ова правило и да напише повеќе букви отколку што е дозволено.

Второ: Овој твит доаѓа од акаунтот @dele_official, но тогаш, во 2012 година, Деле Али го користел @Dele_Alli36.