24фудбал

Медиумите го начекаа Роберт Морено на улица но пак останаа со празни раце: Прашајте го Луис Енрике што се случи

Роберт Морено имаше краток разговор со медиумите од Шпанија кои се обидоа да извадат информација плус од стратегот, но тој одби да креира контроверзија и само им порача дека треба да разговараат со Луис Енрике.

Шпанија

Заминувањето на Роберт Морено од клупата на Шпанија и понатаму буди голем интерест во јавноста, стратегот синоќа се огласи со соопштение, но ниту тоа не разјасни одредени работи за начинот на кој се случи разделбата.

Луѓето од федерацијата, а и самиот Роберт Морено, во неколку наврати нагласија дека вратата за Луис Енрике секогаш е отворена, па сега кога поранешниот тренер на Рома и Барселона изразил желба да се врати, сосема логично е Роберт Морено да се повлече од кормилото.

Но многумина сметаат дека ова не е целата приказна бидејќи Роберт Морено не останува како дел од тренерскиот персонал, и се поставува прашањето каков конфликт настанал помеѓу двајцата за Луис Енрике да одбере други луѓе за соработници.

Неколку медиуми денеска го нечекаа Роберт Морено на улица и се обидоа да извлечат информација плус на оваа тема, но стретегот ја задржа реториката од соопштението и одби да креира контроверзија.

„Не знам која е причината, треба да го прашате Луис Енрике зошто нема да бидам негов помошник.  Мислам дека најдобро за двете страни  е ова да остане помеѓу нас. Но доколку другата страна сака да зборува, нека зборува. Јас немам што да кажам бидејќи мислам дека тоа нема да донесе добро за никого“ – вели Роберт Морено.

Запрашан за тонот на соопштението во кое немаше прекор за болната одлука и имаше само благодарност, тој вели: „Јас сум таков човек. Жал ми е што не можам да објаснам ништо друго. Искрено мислам дека соопштението кажува се. Не чувствувам дека бев предаден“.

„Веќе почнаа да ми се јавуваат клубови. Убаво а да се види дека луѓето ја ценат вашата работа. Но во моментов сакам да се релаксирам ден-два со семејството и потоа ќе мислам што понатаму“.