24фудбал

Мурињо ја имаше првата прес конференција и првите зборови беа за Покетино

Жозе Мурињо за прв пат се појави пред медиумите откако беше именуван за тренер на Тотнем, првите зборови на Португалецот беа за Маурисио Покетино, на кого му порача дека вратите на клубот секогаш се отворени.

Англија

„Специјалниот“ му се врати на фудбалот, ја доби довербата на Даниел Леви да наследни Маурисио Покетино на кормилото на Тотнем. Жозе Мурињо денеска ја имаше првата средба со новинарите и прес конференцијата ја започна со посвета токму за Аргентинецот.

„Имам насмевка на лицето два дена“ – вели Жозе Мурињо. „Но пред да почнеме, морам да го споменам Маурисио и да му честитам за сработеното. Морам да го споделам со вас она што веќе е споделено внатре во клбот. Тотнем секогаш ќе биде негов домот, тренинг центарот секогаш ќе биде негов. Може да се врати кога сака, доколку му недостасуваат играчите, доколку му недостасуваат луѓето со кои работел , вратите секогаш се отворени за него“.

„Од лично искуство, утре е нов ден, повторно ќе најде среќа, повторно ќе најде голем клуб, и ќе има блескава иднина. Го даде максимумот, секој ден работеше напорно за доброто на клубот, заминува со тага, но со чувство дека добро си ја заврши работата. Па сакам само да кажам дека сите во клубот го мислат истото за него, тој секогаш е добредојден тука“.


Од прес конференцијата на Мурињо можете да прочитатите и:

Мурињо: Овие 11 месеци без фудбал не беа губење време, сега сум посилен, размислував, анализирав, се подготвував...