24фудбал

Мурињо: Овие 11 месеци без фудбал не беа губење време, сега сум посилен, размислував, анализирав, се подготвував...

Жозе Мурињо вели дека се враќа посилен, ги анализирал своите грешки кои ги правел во минатото и нема да ги повтори.

Англија

Жозе Мурињо денеска ја имаше првата прес конференција како тренер на Тотнем, тој се враќа во фудбалот по 11 месеци кога во декември доби отказ од Манчестер јунајтед. Ова за него беше најдолг период без ангажман откако ја почна тренерската кариера.

„Отсекогаш мислев дека овие 11 месеци не се губење на време. Тоа беа месеци за размислување, за анализа и за подготовка“, вели Мурињо.

„Никогаш не ја губите својата ДНА, никогаш не го губите идентитетот, вие сте тој кој сте и за добрите и за лошите работи. Но има период кога размислувате за многу работи. Сфатив дека во текот на мојата кариера сум направил грешки и нема да ги повторам истите тие грешки“.

„Сега сум посилен. Не сум поспремен, секогаш бев спремен! Но посилен сум од емоционална гледна точка“.

„Релаксиран сум, мотивиран, подготвен и мислам дека фудбалерите го почувствуваа тоа во овие два дена. Мислам дека почувствуваа дека сум подготвен да им дадам поддршка, не се работи за мене“.

„Јас сум во период кога не се работи за мене, туку се работи за клубот, за фановите, фудбалерите. Не за мене. Јас сум тука да се обидам да им помогнам на сите“.


Од прес конференцијата на Мурињо можете да прочитате и:

Мурињо ја имаше првата прес конференција и првите зборови беа за Покетино