24фудбал

Мурињо го прашаа дали причината за падот на Тотнем е поради поразот во финалето на ЛШ, тој одговори во свој стил

Мурињо се врати, никогаш не е досадно на прес конференциите на Португалецот, така беше и на неговата прва како тренер на Тотнем.

Англија

Иако претходно во разговорот со новинарите на прес конференцијата рече дека е скромен човек, Мурињо многу брзо потоа одговори на едно прашање во негов, препознатлив и нималку скормен стил.

Беше запрашан дали мисли дека падот на Тотнем во Премиерлигата оваа сезона се должи на поразот во финалето на Лигата на шампионите, тој одговори: „Не знам бидејќи никогаш не сум изгубил финале во Лигата на шампиони“.

А потоа го продлабочи одговорот: „Доаѓате до најголемите моменти кои можете да ги достигнете во фудбалот и сте на чекор од тоа но не можете да го направите. Сигурно не е лесно“.

„Но имате пример од Ливерпул. Тие ја загубија Премиерлигата со еден бод и загубија финале во Лигата на шампионите со еден гол, следната сезона се многу силни во Премиерлигата и ја освоија Лигата на шампионите“

„Не мислам дека има правило“.