24фудбал

Најдоброто од пресот на Мурињо, зошто го одбрал Тотнем, трансфер плановите, стилот на игра. титулата во Премиерлигата и како сега е скромен

Жозе Мурињо му се врати на фудбалот, по речиси една година пауза го превзеде Тотнем, зошто се решил на еден ваков чекор тој објасни на денешната прес конференција а навести и што може да се очекува од него во иднина.

Англија

Жозе Мурињо денеска ја имаше првата средба со новинарите како тренер на Тотнем, интересот беше голем, на пресот имаше преставници на медиуми од Англија, Португалија, Шпанија и Италија а „специјалниот“ одговараше повеќе од 40 минути. За што е можно повеќе новинари да добијат прилика да постават прашање, човекот од Тотнем кој седеше кај тренерот даде ограничување од едно прашање, но и покрај тоа имаше новинари кои не дојдоа на ред.

Жозе Мурињо говореше  на различни теми, па оделуваме дел од поважните работи кои беа кажани.

За враќањето крај аут-линијата, и одлуката да го презеде Тотнем, тој вели: „Не можев да бидам посреќен, убеден сум дека изборот е одличен, на скала од еден до десет ќе кажам десет. Што се однесува до тоа колку е тешка работата, секогаш кога клуб прави промена во сред сезона, тоа е така бидејќи ситуацијата не е добра, или доколку се случило нешто чудно за кое ние другите не знаеме. Понекогаш резултатите принудуваат да се донесат вакви одлуки. Потенцијалот на овој клуб е огромен, потенцијалот на играчите е одличен, и ова е една од пичините поради кои дојдов. Визијата која господинот Леви ми ја презентираше за клубот, за квалитетот на играчите и составот, знаев дека во раце имам одлична работа. Имав чуство дека ќе превземам клуб на сред сезона. Знаев дека при едно вакво сценарио ќе имам ден или два да го подготвам тимот за првиот натпревар“.

Запрашан што ќе направи поинаку сега, тој вели: Jас сум скромен, и затоа ја анализирав карирата. Не само последната година, туку проблемите, решенијата. Основата на анализата беше да не обвинувам други, туку самиот себе. Анализата беше прилично длабока. Тоа што одморив делуваше позитивно на мене. Не се чувствував добро тоа што за прв пат немав што да правам во лето, малку бев изгубен. Но на долг рок, одморот ми дојде навистина добро. Дури научив и да бидам стручен коментатор!“

Новинарите беа прилично изненадени од изјавата дека е скромен, но тој инситираше дека е така: „Јас секогаш сум скромен. Проблем е што вие не го разбирате тоа. Секоаш сум скромен, но на мој начин“.

Пет минути подоцна неговата „скромност“ дојде до израз, на прашањето дали поразот од финалето во Лигата на шампионите придонело сега играчите на Тотнем да играат под своите можности, тој порача: „Не знам, никогаш не сум изгубил финале, но можам да замислам дека не било лесно“.

За настапот на трансфер пазарот во јануари и дали чека некаков подарок од раководството, тој вели: „Најдобар подарок се играчите кои ги имам тука. Не ми требаат нови играчи, потребно е само да ги запознаат подобро играчите кои ги имам. Ги познавам добро, но секако, не можете да ги знаете доволно добро се додека не ги запознаете лично. Им кажав на играчите дека дојдов тука поради нив. Некои од нив се обидов да ги купам кога работев во други клубови, за некое не се ни обидов бидејќи знаев дека нема шанси да ги купам“.

Запрашан дали ќе го менува стилот на игра, тој порача: „Ќе биде слично на играта која Тотнем до сега ја прикажуваше. Секако, ќе се обидам да додадам одредени детали, и понекогаш токму деталите ја прават разликата. Стилот мора да биде адаптиран на културата која владее во клубот и играчите кои се тука “

За можноста Тотнем да се бори за титулата во Премиерлигата: „Не можеме да ја освоиме титулата оваа сезона. Следната сезона можеме да ја освоиме. Не велам дека ќе ја освоиме, но имаме шанси“.

За тоа дали се уште е „господин Челси“, Жозе вели: „Мислам дека сум „господин Порто“, „господин Интер“, „господин Реал Мадрид“ и сите други клубови каде што сум работел. Сега сум во Тотнем и ова е мојот клуб. Синоќа спиев со пижами на „спарси“. Јас сум човек на клубот, но јас сум човек на многу клубови. Одлучив во мојата кариера да имам најразлични авантури во различни земји се додека не успеам да стигнам до тоа што јас го нарекувам Гренд Слем, односно титула во Англија, Шпанија и Италија. Секогаш сум велел дека најдобро се чувсвувам во Премиерлигата, тука луѓето ме сакаат најманогу, сметам дека првенството и земјата се најдобри, тука уживам најмногу и тука навистна сум среќен. Фергусон и Венгер се последните од таа ера кога сте верни на еден клуб. Тоа што Маурисио помина пет ипол години во Тотнем е неверојатно. Нормално е да правите промена, да одите од еден во друг клуб, нема да бидам изненаден доколку Маурисо утре стане тренер на друг клуб од Англија, таков е модерниот фудбал. Сега имам само еден дрес, имам една пасија и на ум имам само еден клуб а тоа е Тотнем“.