24фудбал

„Тие се тим со кој можете да триумфирате во Лигата на шампиони, но не се мој приоритет“ - Азар откри зошто редовно го одбивал ПСЖ

Еден Азар вели дека во неколку наврати добил понуда за преселба во Париз, но тој не сакал да слушне за трансфер во ПСЖ бидејќи за него во Франција има само еден клуб, Лил.

Франција

Белгиецот минатото лето стави крај на авантурата во Лондон и се персели во Реал Мадрид, клубот за кој сонува уште како дете. Во разговор со Л'Екип, Еден Азар сега вели дека во неколку наврати добил понуда за преселба во Париз.

Тој признава дека ПСЖ е тим со кој може да се стигне до титулата од Лигата на шампиони, но доколку еден ден реши да се врати во Франција, единствена опција ќе му биде Лил.

„Никогаш нема да играм за ПСЖ. Се обидоа да ме ангажираат во неколку наврати. Ако еден ден се вратам во Лиг 1, тоа ќе биде само во Лил. Затоа секогаш му велев НЕ на ПСЖ. За мене се е јасно на оваа тема. Знам дека тие се тим со кој можете да триумфирате во Лигата на шампионите, но не се мој приоритет“ - вели Еден Азар.