24фудбал

Тухел бесен од излетот на Нејмар „удри“ со критики по напаѓачот, Бразилецот одговори со филозовска мисла (ФОТО)

Тренерот на ПСЖ, Томас Тухел е бесен на Нејмар и излетот кој го имаше напаѓачот во Мадрид за да гледа тенис, но очигледно критиките не допираат до Бразилецот.

Франција

ПСЖ во петок има дуел со Лил во првенството на Франција, а во вторник гостува кај Реал Мадрид во Лигата на шампионите. За овие мечеви, „светците“ ќе можат да сметаат на првата ѕвезда, Нејмар. Повредата е минато, но Томас Тухел има нови главоболки откако Бразилецот реши да направи излет до Мадрид да гледа тенис.

„Воопшто не сум среќен што отпатува во Мадрид. Но што можам да направам? Не сум му татко, ниту пак сум полицаец. Јас сум само тренер“ - истакна Германецот на прес конференцијата.

Но критиките како да не допираат до Нејмар, кратко потоа тој имаше објава на социјалните мрежи и испрати филозовска мисла.

„Сите во животот имаме одредена мака, но кога многу ја мислиме, маката станува двојно поголема. Не грижете се, бидете среќни“ - гласеше постот на Твитер.