24фудбал

Голем потег: Покетино не можеше да ги види играчите на Тотнем, па им напиша порака на таблата во соблекувалната (ФОТО)

Поради паузата за репрезентативни настапи, Маурисио Покетино не можеше лично да се збогува со фудбалерите на Тотнем, но најде начин да им каже што мисли.

Англија

Веднаш откако добил отказ, Покетино облечен уште во опрема од клубот, отишол во соблекувалната да им напише порака за збогум на своите фудбалери.

На таблата на која вообичаено им пишувал тактика, Покетино напиша: „Големо благодарам за сите вас! Не можевме да се збогуваме... Секогаш ќе бидете во нашите срца“.

Пораката која е од Покетино и неговиот стручен штаб, на социјалните мрежи ја објави Хесус Перез, вториот негов помошник.

Голем гест на Покетино кој не освои титула со Тотнем, но направи многу за овој англиски тим, го придвижи неколку скалила нагоре овозможувајќи му речиси секоја сезона да игра Лига на шампиони, а и да почувствува како е да се игра во финале на најголемото клупско натпреварување.