24фудбал

Неверојатно финале на Копа Либертадорес, два гола на Габигол во финишот за победа на Фламенго! (ВИДЕО)

Прв пат по 38 години Фламенго е шампион на Јужна Америка откако во финале со неверојатен финиш ја победи Ривер Плата со 2-1.

Јужна Америка

Финалето на Копа Либертадорес не понуди некој посебен фудбал, но затоа имаше неверојатен финиш.

Фламенго во мечот влезе како благ фаворит поради големата форма во која се наоѓаше тимот воден од Жорж Жесус, но Ривер Плата го отвори натпреварот.

Со гол во 14. минута на Рафаел Боре аргентинскиот тим дојде до водство од 1-0.

Во продолжението од мечот Фламенго речиси и ништо да не правеше, немаше идеја, не креираше шанси, а Ривер имаше апсолутна контрола на мечот.

Во последните 15тина минути Ривер Плата се повлече, Фламенго се обидуваше да дојде до израмнувачки гол и да го однесе мечот во продолженија но јалово го правеше тога.

И кога се предвидуваше дека Ривер нема да има проблем да го сочува водството на сцена стапи Габриел Барбоса, играчот на Интер кој е позајмен на Фламенго.

Габигол погоди во 89. минута за израмнување на 1-1, сите помислија дека натпреварот ќе отиде во продолженија, но тоа не се случи.

Во 92. минута нов гол на Габриел за комплетен пресврт и голема победа на Фламенго.

Ривер Плата пропушти да ја одбрани титлулата од Копа Либертадорес, а Фламенго е за прв пат шампион на Јужна Америка по 38 години.