24фудбал

Де Роси не ја менува Бока: Сакам да останам тука

Иако се пишуваше дека Даниеле Де Роси ќе си замине од Бока Јуниорс, тоа нема да се случи наскоро, Италијанецот вели дека е среќен таму и сака повеќе да игра.

Јужна Америка

Де Роси три месеци беше без настап за Бока поради повреда. Тој синоќа се врати на теренот, влезе од клупата и му помогна на својот тим да слави над Унион со 2-0.

„Не размислувам за друго место или тим, сакам да играм повеќе тука“, вели Роси.

„Се разбира, кога имате 36 години секој ден носите одлуки и си поставувам многу прашања, но верувам дека тие е знак на зрелост и интелегенција“.

„Сакам да разберам колку сум добро подготвен физички, и мислам дека сега во моментов сум многу добро спремен“.

„Работите беа лоши пред некој месец. Во мојата кариера секогаш сум се обидувал да се опоравам добро пред да се вратам на теренот и го правам тоа и сега“.

„За жал, направив грешка и повторно се повредив, но сега сум добар, среќен сум каде што сум и сакам да играм“.

„Чест е да се носи овој дрес, сакам повеќе да играм бидејќи мислам дека сум во мојата најдобра форма“.