24фудбал

Дибала: Позабавно е со Сари

Пауло Дибала вели дека поинтересно е со Маурицио Сари отколку со Макс Алегри, особено за напаѓачите бидејќи сега создаваат повеќе шанси.

Италија

Дибала веќе постигна шест голови оваа сезона, Аргентинецот ужива во стилот на Сари.

Се промени начинот на кој тимот е воден. Сари има комплетно различен начин на разбирање на играта. За мене, и можеби за останатите напаѓачи, сега е позабавно, вели Дибала.

„Повеќе ја задржуваме топката и креираме многу шанси. Тоа ви дава можности за реализација и да направите нешто поинакво бидејќи знаете дека ќе добиете и друга шанса“.

„Учите да играте брзо и да напаѓате цело време. Има натпревари на кои имавме и по 20 шанси. Можете само да замислите што значи тоа за напаѓачите“.