24фудбал

Сари: Мојот однос со Роналдо е одличен, штом така реагира кога ќе го повлечам од игра...

Искусниот италијански фудбалски стратег говореше за повеќе теми во тимот на „Старата дама“, секако, запрашан беше и за неговиот однос со првата ѕвезда на составот, Кристијано Роналдо.

Италија

Јувентус утревечер на домашен терен го пречекува Атлетико Мадрид во рамките на петтото, претпоследно коло во групата „Д“ од Лигата на шампионите, каде „Старата дама“ е лидер во истата конкуренција со три бода предност во однос на шпанскиот прволигаш.

Говорејќи на денешната пресконференција во пресрет на дуелот со „Јорганџиите“, шефот на стручниот штаб на италијанскиот првак, Маурицио Сари потврди дека првата ѕвезда на таа екипа, Кристијано Роналдо ќе биде инволвиран во мечот.

Во текот на вчерашниот ден тој ги одработи тренинг сесиите заедно со неговите соиграчи, тој станува сепосилен, ќе видиме денеска и во текот на утрешниот ден каква ќе биде ситуацијата, но фактот е дека тој ги одработи сите тренинг сесии и ситуацијата е мошне позитивна“ рече Сари, а потоа посочи дека неговиот однос со Роналдо е одличен, иако Португалецот не изгледаше среќен во моментите кога Сари одлучуваше да го повлече од игра на претходните натпревари на Јувентус.

Мојот однос со Роналдо е одличен, доколку фудбалерот кој освоил толку во својата кариера е бесен поради тоа што е повлекуван од игра, тоа значи дека се уште има многу мотивација кај него, а тоа е нешто позитивно“ додаде Сари, а потоа се префрли на дилемите околу тоа како е да се игра триото Роналд-Дибала-Игуаин заедно.

Да се играат Пауло, Гонзало и Кристијано заедно е мошне комплицирано, најмногу поради нивните карактеристики, меѓутоа тие тројцата знаат многу добро како да играат, а воедно покажуваат дека се комфорни еден со друг“ заклучи Сари.