24фудбал

Игуаин: Не сакам ништо да му украдам на Роналдо, знаеме кој е тој...

Аргентинецот е задоволен со моменталната форма, вели дека секоја укажана шанса треба да се искористи, а тој заедно со Дибала дале максимум за да го исполнат тоа.

Италија

Напаѓачот на Јувентус, Гонзало Игуаин инсистира на тоа дека има голема почит кон неговиот соиграч, Кристијано Роналдо, а додава дека неговите намери се далеку од евентуално да му го украде местото на Португалецот во тимот.

Аргентинецот го постигна петтиот гол сезонава против Аталанта, а доби пофалби за своите изданија изминатиов период заедно со Пауло Дибала во нападот на „Старата дама“, каде отсуствуваше токму Роналдо.

Кога ги имате најдобрите фудбалери како тие што ги имаме тука, треба да ја искористите секоја шанса која ќе ви се укаже, јас и Пауло се обидовме да го дадеме максимумот од нас“ рече Аргентинецот.

Не сакам да украдам ништо, од никого, знаеме кој е Роналдо, тој е победник, јас се трудам да му помогнам на тимот, сите сме важни во составот, оние кои играат, но и оние кои отсуствуваат“ заклучи Игуаин.