24фудбал

Скај: Ибрахимовиќ нема да се пресели во Хамарби, еве што значеше неговиот пост

Златан Ибрахимовиќ крена многу прашина со својот пост на социјалните мрежи, но според Скај Италија, напаѓачот нема да се пресели во Хамарби и објавата всушност е најава за спонзорски договор со клубот од Стокхолм.

Останато

Рано утрово, Злаан Ибрахимовиќ на социјалните мрежи објави видео со дресот на шведскиот клуб Хамарби, постот веднаш стана вирален а медиумите почнаа да пишуваат како напаѓачот ја одбрал својата следна дестинација.

Од Хамарби ниту потврдија дека Златан Ибрахимовиќ потпишал со нив, нит пак демантираа, портпаролот Густафсон само кратко порача: „Повеќе информации ќе бидат соопштени во текот на наделата“.

Раководството на Хамарби, односно спртскиот директор Јаспер Јансон и генералниот извршен директор Хенрик Киндлунд во моментов се во Лос Анчелес на средба со луѓето од Галакси, заедничко за двата клуба е милијардерот Филип Аншуц, кој е газда на Галакси и има 49% од сопственоста на Хамарби.

„Не можам да потврдам дали нашите директори се сретнале лично со Златан. Можам само да кажам дека постот на Ибрахимовиќ предизвика голем интерес и ќе бидат обелоденети повеќе информации во текот на неделава. Во моментов Златан е без клуб и нема да проодлжи да игра во САД“ – додава Густафсон.

Според Скај Италија, Златан нема да се пресели во Хамарби и објавата само е најава за спонзорски договор помеѓу клубот од Стокхолм и семејството Ибрахимовиќ, а како точно ќе изгледа соработката ќе се дознае во скоро време.