24фудбал

Наполи немаше милост кон капитенот Инсиње, го казни со 350.000 евра, позната е и казната за Елмас! (ФОТО)

Наполи ги подели казните за фудбалерите кои го прекинаа карантинот, најмногу настрада капитенот, Лоренцо Инсиње кој ќе плати 350.000 евра.

Италија

Македонскиот фудбалер, Елиф Елмас ќе треба да плати 57.000 евра затоа што заедно со останатите играчи на Наполи не ја почитуваше одлуката и го бојкотираше карантинот.

Убедливо најмногу ќе плати капитенот, Лоренцо Инсиње кој бил лидер меѓу бунтовниците, неговата казна изнесува 350.000 евра.

Алан е втор со 250.000 евра, а над 200 илјади има и Кулибали. Шестцифрени казни имаа уште Лозано, Манолас, Мертенс и Каљехон. Најлесно помина Гаетано кој ќе треба да даде само седум илјади евра.

„Газета дело Спорт“ ги открива казните на сите фудбалери на Наполи: