24фудбал

Тухел отворено: Не е лесно да се менаџира Нејмар...

Германскиот фудбалски стратег вели дека не е лесно да се менаџира фудбалер од калибарот на Нејмар, додава дека тој пред се' е личност со големо срце, но, некогаш знае да го покаже и спротивното.

Франција

ПСЖ вечерва гостува кај Реал Мадрид во рамките на петтото, претпоследно коло од групната фаза од Лигата на шампионите, францускиот првак има дури пет бода предност во однос на својот ривал во својата конкуренција.

Говорејќи во пресрет на вечерашната пресметка, шефот на стручниот штаб на ПСЖ, Томас Тухел, беше запрашан и за ситуацијата со првата ѕвезда на тимот, Нејмар, кој се поврзуваше со трансфер токму во Реал Мадрид во изминатиот летен преоден рок.

Најскапиот фудбалер на светот имаше турбулентен период во ПСЖ, проследен низ повреди, а воедно и разни шпекулации кои го поврзуваа освен со Реал Мадрид, но и со враќање во Барселона, тука е секако приватниот живот на Бразилецот кој се верува дека има посебен, а воедно и привилигиран статус во ПСЖ.

Не е лесно да се менаџира со него, воопшто!“ посочи Тухел во изјавата за „Франс Инфо“.

Тој има големо, навистина големо срце, меѓутоа, тој не баш секогаш покажува и докажува дека е великодушен, или релевантен“ додаде Тухел.

Понекогаш тој е провокативен, а тоа е мошне лошо бидејќи истото не е потребно воопшто. Да, јас тоа и нему му го велам, знаеме да се насмееме на таа тема, јас секогаш му ја говорам вистината, тој ја прифаќа, меѓутоа е тешко. Нејмар е провокативен кога чувствува нешто што е погрешно, меѓутоа таквиот случај не е ист во моментите кога е смирен“ заклучи Тухел.