24фудбал

Повторно некој мораше да се направи паметен, од Шпанија најавуваат: Меси ќе ја добие „Златната топка“ (ФОТО)

Франс Фудбал на 2. декември треба да го прогласи најдобриот фудбалер во годината, но од Шпанија пристигнува информација дека веќе е познат победникот, „Златната топка“ ќе заврши во рацете на Лео Меси.

Шпанија

„Златната топка“ е најпрестижната индивидуална награда во светот на фудбалот, Франс фудбал ги одбира најдобрите во годината од 1956. Реномираниот магазин на 2. декември на гала вечера ќе го обелодени името на победникот.

И покрај тоа што се номинираат 30 имиња, секогаш прилично е јасно кои двајца или тројца играчи се главни фаворити. За жал секоја година се наоѓа некој паметен кој ќе ја убие и онаа мала неизвесност што останала.

Од Шпанија денеска пристигна информација дека Лео Меси ќе ја добие „Златната топка“. Новинарот Франсеск Агилар на Твитер објави дека Аргентинецот по шести пат ќе биде прогласен за најдобар.

Тој вели дека главниот уредник на Франс Фудбал заедно со уште еден свој соработник го посетиле домот на Лео Меси за да го известат за исходот на гласањето. Напаѓачот на Барса дал и интервју, а била направена и фотосесијата за насловната страна на магазинот за изданието кое ќе биде пуштено во продажба на 3. декември.

Од таборот на Лео Меси не ја потврдуваат оваа вест, но ниту пак ја негираат. Во потесниот избор покрај Аргентинецот се и Вирџил ван Дајк и Кристијано Роналдо.