24фудбал

Пред една година беше на хемотерапија, а сега е во првиот тим на Манчестер јунајтед

„Ѓаволите" го соопштија составот за гостувањето кај Астана во Лига Европа, повик заработи и младиот Макс Тејлор кој ова време минатата година добиваше хемотерапија и се бореше со тешка болест.

Англија

Манчестер јунајтед веќе обезбеди пласман во групната фаза од најелитното европско натпреварување, па за дуелот со Астана и гостувањето во Казахстан се очекува на теренот да излезе мешан состав и Оле Гунар Солшер шанса да им даде на неколку млади играчи.

За медиумите интересен е повикот кој го заработи 19 годишниот Макс Тејлор, кој ова време минатата година добиваше хемотерапија. Дефанзивецот се бореше со рак на тестисите, ја победи тешката болест и во септември доби дозвола да се врати на терените.

Тој веќе иммаше меч за У23 тимот на Манчестер јунајтед и во четврток би можел да дебитира за првиот тим.

„Очигледно Оле на неколкумина од нас ни даде шанса да патуваме со првиот тим, и се надевам, дел ќе добијат и шанса да играат. Ова време минатата година, бев во првите недели од хемотерапија, и не помислував дека за 12 месеци ќе патувам со првиот тим. Не ме интересира какви се временските услови, тоа што сум со тимот е огромна работа. Од мали нозе сонувам да бидам дел од првиот тим на Манчестер јунајтед“ - вели Макс Тејлор.

Условите за игра во Казахстан ќе бидат прилично тешки, се очекуваат температури од 10 степени под нулата. Се говори дека играчите на Манчестер јунајтед биле советувани да не го напуштаат хотелот доколку немаат потреба од тоа.