24фудбал

Мурињо: Сакав да го викнам детето кое собира топки да прослави со нас во соблекувалната, но го снема

Еден од поинтересните моменти на мечот меѓу Тотнем и Олимпијакос е тој со детето кое собира топки.

Лига на Шампиони

Момчето беше клучно за постигнување на вториот гол, со неговата брза реакција овозможи акцијата да тече непрекинато по што Кејн изедначи на 2-2.

Мурињо веднаш по дадениот гол отиде кај детето и му честиташе за брзата реакција, а потоа го спомна и на прес конференцијата.

„За да ја фрлите така брзо топката во игра, треба да бидете многу добар додавач на топки. Јас бев тоа меѓу моите 10 и 16 години, бев многу добар додавач на топки и тој е таков. Тој ја разбира играта, ја чита, не седи само и гледа во трибините, тој го живее натпреварот и го игра многу добро“, вели Мурињо и додава:

„Сакав да го поканам во соблекувалната да прослави со нас, но исчезна“.