24фудбал

Дибала за магичниот гол: Позицијата беше тешка, аголот беше тесен, имаше многу фудбалери пред мене... (ВИДЕО)

Јувентус благодарение на магија на Пауло Дибала го победи Атлетико Мадрид со 1-0 и го завери првото место во групата.

Лига на Шампиони

Речиси никој не очекуваше да шутне, но Дибала даде гол од слободен удар во позиција на скратен корнер. Аргентинецот постигна маестрален гол.

„Тоа беше добар гол, позицијата беше тешка, аголот беше тесен, имаше многу фудбалер пред мене“, изјави Дибала.

„Тимот одигра навистина добар меч, особено во првото полувреме, среќни сме со победата. Чувствувам дека сум во добра форма, се трудам да го давам најдоброто и понекогаш можам да ризикувам малку повеќе, бидејќи работите се одвиваат добро за мене сакам да извадам најмногу од мене овој период“.