24фудбал

Мурињо: Најтешкиот момент на мечот не ми беше тоа што губевме со 2-0, туку...

Жозе Мурињо вели дека најтежок момент од натпреварот му било тоа што морал да го извади Ерик Даер уште во првото полувреме.

Лига на Шампиони

По 20 минути игра Олимпијакос веќе имаше водство од 2-0 против Тотнем во Лондон.

Поради таквиот резултат Мурињо се одлучи на измена уште во 29. минута, го извади Даер кој е дефанзивен играч за врска и го стави Ериксен кој е покреативен во фазата на нападот.

Мурињо вели дека тоа му бил најтешкиот момент од натпреварот и верува дека Даер разбрал зошто бил изваден од игра толку рано.

„Најтешкиот момент од натпреварот не ми беше тоа што тие постигнаа два гола и водеа со 2-0, туку тоа што требаше да направам измена уште во првото полувреме“, вели Мурињо.

„Тоа е болно за фудбалерот, но и за мене. Не е лесно ниту за него, ниту за мене. Важно е фудбалерот да разбере, и среќен сум што тој е многу интелегентен играч кој многу добро разбира што е тим, бидејќи тоа го направив за тимот. Не се работеше за неговите перформанси, туку за тоа што му треба на тимот во тој момент“.

„Губевме со 2-0, и бевме во многу тешка ситуација во тој момент. Почувствував дека еден таков играч од средниот ред ми е доволен, одлучив дека ни е потребен втор креативен играч кој ќе игра со Али во тој отворен триаголник. Му се извинувам на Ерик, но тој знае дека го направив тоа за тимот а не да го повредам него. Мислам дека и фановите разбираат“.