24фудбал

Мурињо открива што се случувало во соблекувалната на полувремето

Тотнем со пресврт во второто полувреме дојде до победа од 4-2 над Олимпијакос и го завери пласманот во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Лига на Шампиони

Натпреварот почна лошо за Тотнем, не поминаа 20 минути а Олимпијакос веќе водеше со 2-0. Во самиот финиш од првото полувреме домаќините намалија, а тимот на Мурињо во вториот дел направи пресврт за победа од 4-2.

Португалецот на пресот по мечот кажа што се случувало во соблекувалната на полувремето.

„На полувремето требаше да бидам мека верзија од мене. Играа дома, резултатот беше лош, со мислите беа и на мечот со Баерн Минхен, и почувствував дека треба да им дадам малку љубов, а не критики за да им ја зголемам самодовербата. Им требаше некој што ќе им даде емоционален баланс“, вели Мурињо.

„По тој говор, зборувавме малку за тактички детали, за позициите, но најважно беше да се врати нивната самодоверба бидејќи се соочуваа со тешка ситуација од која требаше да излеземе“.