Вардар успеаја да ја зголеми предноста на табелата и покрај тоа што одигра 2-2 на гостувањето кај Силекс, Академија Пандев загуби со 3-1 во пресметката со Шкупи, а пораз доживеа и Шкендија во дуелот со Струга Трим Лум.
Категорија: Македонија 27.11.2019 17:54 Прочитано: 309 пати
Денеска на програмата беше 16. коло во ПМФЛ. На мечевите имаше многу пресврти, фаворитите немаа свој ден, Вардар ремизираше, Акдемија Пандев и Шкендија загубија, па на врвот на табелата има мали промени.
Вардар со играч помалку поведе со 1-2 кај Силекс со голот на Цветановски во 70. минута, но не издржа до крај, Костовски реализираше во 86. минута за 2-2 и поделба на бодовите.
Академија Пандев рано поведе на гостувањето кај Шкупи, Рајковиќ во 7. минута донесе радост за тимот од Струмица, но домаќините во вториот дел го свртеа резултатот во своја корист. Сержињо изедначи, Дембо донесе предност од 2-1 а Јусуфи во судиското надополнување ги постави конечните 3-1.
Пресврт имаше и во Струга, каде Шкендија имаше водство на полувреме со голот на Жуниор, но шампионот беше изненаден во продолжението од мечот. Кочоски изедначи во 54. минута, а Лена во 65. минуст донсе 2-1 и голема радост за Струга Трим Лум.
Рабонички по месец ипол конечно се радува на победа, денеска „романтичарите“ со 2-1 го совладаа Борец. Тошевски и Велковски донесоа 2-0 за домаќините, а Прелчец во 62. минута постигна гол од пенал за гостите.
На последниот денешен натпревар, Ренова и Македонија ЃП одиграа 1-1, гостите со гол во 90. минута се изборија за бод.