24фудбал

Сари искрен по мајсторскиот гол на Дибала: Си помислив „што к*р шутира од таа позиција?“ (ВИДЕО)

Тренерот на Јувентус, Маурицио Сари искрано си кажа што помислил кога видел дека Пауло Дибала шутира од речиси мртов агол, но му честиташе на Аргентинецот за мајсторијата.

Лига на Шампиони

„Старата дама“ синоќа со 1-0 славеше против Атлетико Мадрид и го осигура првото место во групата. Клучниот момент на мечот се случи во судиското надополнување на првиот дел, Пауло Дибала погоди од слободен удар.

Маурицио Сари призна дека не му се верувало кога Пауло Дибала решил да бие од речиси мртов агол, но му честиташе на Аргентинецот за мајсторијата.

„Прва работа што секој тренер ја кажува во ваква ситуација е „што к*р шутира од таа позиција?“ Таков погодок не се гледа секој ден, па заслужено доби аплауз од цел стадион“ - вели тренерот на Јувентус.