24фудбал

Барса ја победи Борусија и го завери првото место, Елмас и Наполи си одат со бод од Енфилд (ВИДЕО)

Барселона со 3-1 ја победи Борусија Дортмунд и го завери првото место на табелата, Наполи одигра реми на Енфилд против Ливерпул 1-1, резултат кој им одговара.

Лига на Шампиони

Триото на Барселона, Суарез, Меси и Гризман дадоа по еден гол и го решија прашањето околу победникот уште рано во мечот. До крајот Борусија Дортмунд само постигна почесен гол преку Санчо.

Во оваа група Интер со 3-1 славеше на гостувањето кај Славија Прага. Два гола беа дело на Лаутаро Мартинез, а еднаш погоди Лукаку. 

На мечот имаше многу шанси, две пречки за Интер и два поништени голови.

Во последното коло на Интер му треба победа против Барселона во последното коло која во Милано ќе отиде со решено прашање за првото место.

На Енфилд Ливерпул и Наполи одиграа нерешено 1-1. Елиф Елмас во игра влезе во последните десет минути.

Наполи поведе со гол на Мертенс во првото полувреле, Ловрен изедначи во вториот дел.

Во другиот меч од групата Е Салцбург со 4-1 славеше на гостувањето кај Генк.

Наполи во последното коло го пречекува Генк кој треба да биде лесен залак за италијанскиот тим, а Ливерпул може да испадне ако загуби на гостински терен кај Салцбург.

Во другите натпревари Ајакс со 2-0 славеше кај Лил, Лајпциг и Бенфика одиграа 2-2. Претходно Валенсија и Челси ремизираа 2-2, а Зенит го совлада Лион со 2-0.