24фудбал

Лео Меси урна рекорд во ЛШ, сега е пред Роналдо и Раул

Лионел Меси со синоќешниот погодок против Борусија Дортмунд сруши нов рекорд во Лигата на шампионите.

Лига на Шампиони

Барселона ја победи екипата на Борусија Дортмунд со 3-1, еден од погодоците беше дело на Лионел Меси.

Борусија Дортмунд беше 34 различен клуб против кој Меси дал гол во Лигата на шампионите.

Аргентинецот со оваа статистика се издвои на врвот пред Роналдо и Раул кои на 33 различни клубови им имаат дадено голови во ова натпреварување.