24фудбал

Муние за повредата на Азар: Ако постои некој што најмалку сакам да го повредам е токму тој

Во Реал Мадрид за момент се пројави одредена загриженост поради повредата на белгиската ѕвезда, но, набргу излегоа и првичните информации по деталните медицински тестови кои веќе се познати во јавноста.

Шпанија

Томас Муние жали за повредата која му ја нанесе на Еден Азар за време на дерби пресметката во Лигата на шампионите помеѓу Реал Мадрид и ПСЖ која заврши со реми од резултат 2-2.

По мечот, Зидан истакна дека е загрижен за ситуацијата со Азар, наведувајќи дека Белгиецот има оток, како и болки во зглобот, францускиот фудбалски стратег додаде дека има надеж кај него дека повредата не е од посериозен карактер.

Дефанзивецот на ПСЖ сепак просведочи за повредата која му ја нанесе на својот сонародник, а во изјава за белгискиот весник „Дерниер Оре“ не го криеше разочарувањето.

Навистина сум тажен за тоа што се случи, се обидов да го контактирам директно по мечот, меѓутоа не успеав“ рече Муние.

Потоа, видов двајца, тројца негови соиграчи кои ми посочија дека се чувствува болно, без разлика на тоа дали е сериозно или не, моите цели секогаш биле да не повредам никого, а доколку постои еден фудбалер кој најмалку би сакал да му нанесам повреда е токму Еден Азар“ додаде Белгиецот од редовите на францускиот првак.

Десникот бек на ПСЖ сепак може да здивне, откако медицинските тестови кои веќе беа извршени над Азар утврдија дека не станува збор за повреда од посериозен карактер, а ѕвездата на „Кралевите“ би требало да отсуствува од терените околу десет денови.