24фудбал

Навивачите на Малме му се одмаздуваат на Ибрахимовиќ откако влезе во ривалскиот клуб Хамарби

Ибрахимовиќ го привлече гневот кај навивачите на клубот каде тој ги имаше своите почетоци во фудбалската кариера, важеше за нивен миленик, но, многу работи се променија по една негова бизнис зделка.

Останато

Статуата на Златан Ибрахимовиќ во неговото родно Малме е вандализирана, откако тој стана инвеститор во Хамарби каде купи 25 % од акциите на клубот кој инаку е голем ривал на Малме.

Инаку, статуата која беше поставена неодамна, беше оштетена, на неа беше поставен дел од вц шолја, а воедно постоеле обиди кај навивачите истата статуа да биде и запалена.

Тука не запреа реакциите кај навивачите на Малме, па продолжија со напад врз домот на Ибрахимовиќ, на вратата од неговиот дом беше испишано „Јуда“, алудирајќи на тоа дека тој за нив е веќе предавник.