24фудбал

„Децата“ на Манчестер јунајтед добро тргнаа, но на крајот загубија од Астана (ВИДЕО)

Оле Гунар Солшер извади претежно тинејџерски тим на гостувањето кај Астана кој водеше по првото полувреме но на крајот загуби со 2-1.

Лига Европа

Манчестер јунајтед е веќе пласиран во нокаут рундата од Лига Европа па бодовите и не му се многу важни од последните две кола, затоа Солшер одлучи да настапи со значително млад состав на гостувањето кај Астана.

Со просечна старост од 22 години и 26 дена, ова беше најмладиот стартен тим на Манчестер јунајтед кој почнал еден европски натпревар. Просекот го крева голманот Ли Грант кој има 36 години.

Но и со таков тим Манчестер јунајтед поведе уште во десетата минута со погодок на Џеси Лингард.

Сепак во вториот дел домаќините со погодоци на Шомко и автогол и на Бернард направија комплетен пресврт и победија со 2-1.

Во другите два натпревари кои се играа од 17 часот, Краснодар го победи Базел со 1-0, а Хетафе со истиот резултат славеше на гостувањето кај Трабзонспор.