24фудбал

Болна елиминација, Партизан со играч повеќе прими два гола за пет минути во финишот од мечот (ВИДЕО)

Партизан ги загуби шансите за европска пролет откако вечерва испушти два гола предност на гостувањето кај АЗ Алкмар, за ремито повеќе да боли, гостите во финишот стрелаа два пати со играч помалку.

Лига Европа

„Црно-белите“ мораа да триумфираат на гостувањето во Холандија за да ги задржат шансите за нок-аут фаза. И натпреварот почна одлично за Партизан, Асано погоди за 0-1 во 16. минута, а десет минути подоцна Сума донесе предност од 0-2.

АЗ Алкмар јалово се обидуваше да се врати во игра, а домаќините во 84. минута останаа со играч помалку откако Боаду заработи втор жолт картон. Но потоа следуваше драма, Друијф намали на 1-2, во 88. минута за истиот играч во втората минута од судиското надополнување да стрела по втор пат за 2-2 и елиминација на Партизан.

Брага и Вулверхемптон одиграа 1-1, резултат кој значеше дека двете екипи одат во шестнаесетфинале. Пласман во нок-аут фазата обезбеди и Волфзбург со триумф од 0-1 на гостувањето кај Олексндрија, а значен исчекор направија и Рома и Борусија Менхенгладба со триумф кај Басакшехир односно Волфзбергер.