24фудбал

Бонучи: Сакам да го избегнеме Тотнем во Лигата на шампионите, со Мурињо се посилни

Дефанзивецот на Јувентус, Леонардо Бонучи вели дека би сакал да го избегнат Тотнем во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Лига на Шампиони

Јувентус е го завери пласманот во осминафиналето со триумфот над Атлетико Мадрид и веќе може да размислува за нокаут фазата од Лигата на шампионите.

Јуве сега е фокусиран на Серија А, но Бонучи беше запрашан и за осминафиналето од ЛШ.

„Доколку треба да одберам кој тим сакам да го избегнеме, би рекол Тотнем“, вели Бонучи.

„Мурињо им даде нешто екстра во изминативе натпревари. Многу може да се промени од сега до осминафиналето но со оваа промена Тотнем повторно е конкурент, со сета почит за Покетино“.