24фудбал

Симеоне е опција за клупата на ПСЖ, Аргентинецот би можел повторно да соработува со Гризман?

Интересно е тоа што договорот на Тухел со ПСЖ истекува идната година, па веројатно не зачудуваат шпекулациите дека челниците на францускиот првак уште од сега размислуваат за опциите по Германецот, доколку тој не остане на клупата.

Франција

Се верува дека постои желба во ПСЖ за „освежување“ на клупата, поточно за смена на Томас Тухел, кој веројатно не успеа да ги убеди челниците на клубот дека може повеќе од тоа што досега го реализираше со тимот.

Титулите во „Лиг 1“ веројатно не се доволни за челниците во ПСЖ, со оглед на огромните вложувања во клубот, од таму веруваат дека тимот мора подобро во Лигата на шампионите, а веројатно е дека нов кикс сезонава, по оној по елиминацијата од Манчестер јунајтед ланската сезона, ќе ја прелие чашата во клубот.

ПСЖ изминатите три сезони редовно ја поминува групната фаза, како и првата рунда од нокаут фазата во Лигата на шампионите, меѓутоа, не успеа да избори место во четвртфиналето.

Според известувањата кои пристигнуваат од Франција, се вели дека во ПСЖ веруваат дека Диего Симеоне, шефот на стручниот штаб на Атлетико Мадрид е вистинскиот човек за нивните планови и амбиции за успех во Лигата на шампионите.

Аргентинскиот фудбалски стратег успеа на два пати да избори пласман во големото финале со „Јорганџиите“ со многу помалку вложувања во составот од оние енормните во ПСЖ.

Со тоа што веќе се шпекулира за Симеоне, до некаде и логично, одредени медиуми се подзанимаваа и со случајот „Нејмар“, неизвесна е неговата иднина во тимот од француската престолнина, па така се споменува дури и Антоан Гризман.

Францускиот напаѓач на Барселона барем засега не успеа да стори нешто посебно во дресот на Каталонците по неговиот трансфер токму од Атлетико Мадрид, па со самото тоа, се шпекулира дека во случај Барселона да тргне повторно во обид да го врати Нејмар на „Камп Ноу“, од ПСЖ ќе тргнат токму кон Гризман.