24фудбал

„24ФУДБАЛ СКАУТ ФАНТАЗИ“: Мурињо го враќа Мура онаму каде што припаѓа

Викендов се игра 13 коло во англиската Премиерлига, меѓутоа, имајте во предвид дека наредното коло е во текот на идната седмица, па доколку имате солиден состав, препорачуваме да го сочувате трансферот кој ви е на располагање.

Останато

Големите возбудувања во Премиерлига повторно се враќаат, а тоа секако доаѓа на радост и на големиот број натпреварувачи на „Фантази Премиерлигата“, ги има многу и од нашата земја, па повторно се враќаме со нашите анализи, кои досега се покажаа како успешни.

Така беше и во претходното коло каде просекот на освоени бодови беше 49, составот кој го селектиравме во нашата анализа вкупно освои одличен скор од 71 бод, капитенот Варди повторно беше на своето ниво, па донесе вкупно 24 бода.

„24ФУДБАЛ СКАУТФАНТАЗИ“: Имајте трпение со Тотнем и Мурињо, ова коло е за „скенирање“ на тојсостав

Најпрво да започнеме со деталната статистика која ни е овозможена на официјалниот сајт на „Фантази Премиерлига“, сосема очекувано, најкупуван фудбалер е Џејми Варди, по него следи Сон, па Раул Хименез, а водечката петорка ја комплетираат Хари Кејн и Кристиан Пулишиќ.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe

Наведовме за распоредот на Лестер, а селектирањето фудбалери од таа екипа донесе големи резултати изминативе неколку кола, особено од Варди, во претходната анализа побаравме трпение од натпреварувачите со Тотнем, за да „скенираме“ што ќе селектира и како ќе почне новиот тренер на таа екипа, Жозе Мурињо, иако од еден натпревар не можеме да дојдеме до целосен заклучок, сепак, до некаде е сосема очекувано да имаме одредени амбиции во тој тим.

Најпродавани според официјалната статистика се Кун Агуеро и Тами Абрахам, обајцата поради повреда ќе отсуствуваат, а воопшто не изненадува тоа што на оваа листа се најде и Рахем Стерлинг, со оглед на огромната цена на пазарот, како и очајните изданија на ѕвездата на Манчестер Сити.


За ова коло „топло“ ви препорачуваме да си го сочувате трансферот кој ви следи традиционално секоја рунда, со оглед на фактот што уште од вторник следат нови возбудувања во Премиерлигата, односно предвидено е да се одигра 14 коло, за веќе идниот викенд на програмата да биде и 15 коло. Секако, тука сме ние со нашите совети во случај да ви се потребни, па во продолжение следи и селекцијата на најдоброто според нас за ова коло.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe

Стандардно, започнуваме со голманската позиција, ќе му укажеме доверба на одличниот чувар на мрежата од голот на Барнли, Ник Поуп (4.7), добрите познавачи на Премиерлигата тоа го сторија од поодамна, а Поуп веќе две кола во низа освојува по девет бода, притоа ја сочува својата мрежа во истите натпревари.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe

За ова коло го препорачуваме дуото во одбраната на Ливерпул, Ендру Робертсон (7.0) и Трент Александер-Арнолд (7.2), станува збор за бекови кои имаат големо чувство да запишат асистенција, а понекогаш дури и погодок на натпреварите за тимот од „Енфилд Роуд“ кој на домашен терен го пречекува Брајтон ова коло.

Дејвид Мојс се врати „дома“, односно повторно е на клупата на Евертон која ја напушти за да го преземе кормилото на Манчестер јунајтед по крајот на ерата на Алекс Фергусон, таму Шкотланѓанецот мина неславно, па повторно има прилика да покаже што знае и умее, каде што тоа најдобро го правеше, на „Гудисон Парк“.

Сепак, сигурно на Мојс ќе му биде потребен период за склопување на коцките во составот на Евертон, а дополнителен проблем е пеколниот распоред на таа екипа, која викендов гостува кај неверојатниот Лестер, па, од таборот на „Лисиците“ го препорачуваме Рикардо Переира (6.4) кој игра во одлична форма, а неговите продори по десната бековска страна се доста опасни.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe

Со оглед на тоа што препорачуваме тројца во дефанзивната линија, во средниот ред ќе селектираме петмина, а почнуваме со Садио  Мане (12.2), веќе од пред некоја анализа наведовме дека Сенегалецот од поодамна е веќе прв избор од Ливерпул и го стави во сенка Салах во поглед на изборот на „Фантази Премиерлигата“, па сигурно Брајтон ќе биде одлична можност за продолжување на одличната форма на Мане.

Јури Тиелеманс (6.7) минатото коло освои скромни три бода во победата на Лестер кај Брајтон со 0-2, дополнителниот бод е секако од тоа што неговиот тим не прими гол во сопствената мрежа, сигурно дека на „Кинг Пауер“ ќе биде интересно, меѓутоа на „разнишаниот“ Евертон и пеколниот распоред на таа екипа сигурно ќе и биде тешко на ова гостување, а за тоа да биде така може да помогне секако и одличниот Тиелеманс кој е осми на табелата за најмногу освоени бодови кај фудбалерите од средниот ред.

Челси без Абрахам на домашен терен го пречекува Вест Хем, меѓутоа нашите очекувања се Кристиан Пулишиќ (7.5) да продолжи со одличната форма, имаше одлична серија од три меча во низа каде постигна погодоци, меѓутоа истата беше сопрена на гостувањето кај шампионот Манчестер Сити, веројатно дека Американецот „гори од желба“ повторно да се врати на погодоците, а зошто да не и асистенција овој викенд.

Борнмут важи за незгодна екипа за сите „поголеми“ екипи во Премиерлигата, Тотнем со право може да биде загрижен, иако игра на домашен терен, а Жозе Мурињо добро знае за каков противник станува збор.

Меѓутоа, ако во претходното коло препорачавме да имате трпение со тимот на Тотнем, поради горе наведената причина, ова коло ќе го селектираме Лукас Мура (7), а ни се чини дека Бразилецот веќе ги освои симпатиите кај новиот тренер, со оглед на фактот што постигна гол во победата кај Вест Хем минатото коло, веројатно е дека Мурињо нема да има дилеми повторно да почне со него од стартот на мечот против Борнмут.

Можеби некој ќе има претстава дека го форсираме Ентони Марсијал (7.8) од Манчестер јунајтед, но, од претходно наведовме зошто го селектиравме Французинот кој имаше свои моменти во досегашните натпревари.

Нема да погрешиме ако уште еднаш повториме дека Марсијал всушност во реалноста настапува како напаѓач, и тоа осамен во составот на Солшер, што имаме можност за повеќе бодови, со оглед на тоа што Марсијал на играта се води како фудбалер од средниот ред.

На „Олд Трафорд“ сигурно нема да му биде лесно на домаќинот, Астон Вила важи за доста незгоден противник, меѓутоа, на Манчестер јунајтед му се потребни погодоци, а најмногу се очекуваат токму од Марсијал.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe

Напаѓачкото дуо во нашиот избор го сочинуваат Џејми Варди (9.7) и Маркус Рашфорд (8.6), за вториот веќе наведовме во претходната анализа дека доби „старо-нова“ позиција во играта на Манчестер јунајтед, односно настапува како лево крилен офанзивец, меѓутоа е „убиствен“ во своите нови задачи, во ремито кај Шефилд Јунајтед, Рашфорд запиша по еден гол и асистенција, а со тоа на неговото салдо беа додадени одлични 11 бода.

 

Предлог-состав: ПОУП (4.7); РОБЕРТСОН (7), АЛЕКСАНДЕР-АРНОЛД (7.2), ПЕРЕИРА (6.4); МАНЕ (12.2), ТИЕЛЕМАНС (6.7), МУРА (7), МАРСИЈАЛ (7.8); ВАРДИ (9.7), РАШФОРД (8.6)

Капитен: МАНЕ

Заменик-капитен: Рашфорд

 

За крај, традиционално анализата ја завршуваме со еден краток осврт на случувањата во генералната лига на „Македонија“, како и онаа на „24фудбал“.

Во лигата на „Македонија“ лидер во генералниот пласман е Александар Неделковски со досега освоени 826 бода, имате можност и да се запознаете со неговиот избор.


Во лигата на „24фудбал“ лидер е Љубомир Иигнов со освоени 806 бода, имате можност да го проследите и неговиот состав.


Среќно на сите натпреварувачи за ова коло, не заборавајте да се приклучите во лигата на „24фудбал“, кодот е следен: ah7lqe