24фудбал

Три бода за Реал од гостувањето кај Алавес, дефанзивците ја обезбедија победата (ВИДЕО)

Реал Мадрид со 2-1 победи на гостувањето кај Алавес благодарение на голови на Серхио Рамос и Дани Карвахал.

Шпанија

Реал Мадрид победи на гостувањето кај Алавес и сега е на врвот со три бода повеќе од Барселона која има натпревар помалку.

По мирното прво полувреме, три гола паднаа во вториот дел.

По убав центаршут на Тони Крос во 52. минута Серхио Рамос со глава погоди за водство од 1-0.

Во 65. минута Серхио Рамос направи прекршок за пенал, Перез го изедначи резултатот на 1-1.

Но четири минути подоцна Дани Карвахал се најде на вистинското место и постигна гол за победа на Реал Мадрид од 2-1.