24фудбал

Манчестер јунајтед киксна и против Астон Вила, Ихеначо е херојот на Лестер (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед одигра само 2-2 против Астон Вила на Олд Трафорд, Ихеначо со гол во 94. минута му донесе победа на Лестер над Евертон.

Англија

Солшер во четвртокот го одмараше првиот тим и со млади играчи настапи во Лига Европа, но тоа не му помогна на Манчестер јунајтед да ја победи Астон Вила.

Студен туш на Олд Трафорд се случи уште во 11 минута кога Грејлиш постигна погодок за водство на Астон Вила од 1-0. Манчестер јунајтед израмни пред крајот на првото полувреме со автогол на Хитон.

Во 64. минута Линделоф погоди за комплетен пресврт и водство на Манчестер јунајтед од 2-1, но само две минути подоцна Мингс даде гол за Астон Вила за конечни 2-2.

Интересно беше на дуелот меѓу Лестер и Евертон кој заврши со победа на домаќините од 2-1.

Евертон водеше по првото полувреме со гол на Ришарлисон од 1-0, во вториот дел Вардари изедначи на 1-1 во 68. минута.

Кога се очекуваше дека нема да има победник на мечот, Ихеначо даде гол за победа на Лестер од 2-1.