24фудбал

Меси во самиот финиш донесе победа за Барса во дербито со Атлетико Мадрид (ВИДЕО)

Три големи бодови за Барселона во битката за шампионската титула во Шпанија, Каталонците го победија Атлетико Мадрид со 1-0 благодарение на гол на Лео Меси.

Шпанија

Иако во текот на мечот и двете екипи имаа свои шанси, победникот беше решен со погодок во финишот од натпреварот. И тоа кој друга ако не Лео Меси.

По едно двојно проигрување со Луис Суарез, Меси во 86. минута постигна убав гол за победа на Барселона од 1-0.

На табелата Барселона бодовно се изедначи со Реал Мадрид, и двата тима имаат по 31 бод, но Каталонците се прво поради подобра гол разлика.