24фудбал

Стаорци оставени на плакетата на Гризман (ВИДЕО)

Трансферот од Атлетико Мадрид во Барселона не помина со позитивни реакции кај навивачите на „Јорганџиите“, сосема очекувани се реакциите на враќањето на Гризман на „Ванда Метрополитано“ арената.

Шпанија

Барселона дојде до минимална победа на гостувањето кај Атлетико Мадрид во дербито на 15 коло во шпанската Примера, а синоќа воедно се случи и враќање на Антоан Гризман на „Ванда Метрополитано“ арената.

Сосема очекувано, францускиот офанзивец не беше пречекан со раширени раце од страна на домашните фанови, постојано добиваше свирежи од гледалиштето, а дека има нешто повеќе од тоа, доволно ни говори еден детал пред арената во шпанската престолнина.

Стаорци-играчки беа оставани на плакетата наменета за Французинот пред „Ванда Метрополитано“, со што навивачите јасно порачаа дека тој за нив е предавник, а воедно истата плакета дополнително ја пречкртаа.