24фудбал

„Имате тренер кој веројатно ќе постигнеше хет-трик на таков натпревар“

„Црвените ѓаволи“ моментално се на деветтото место на табелата во Премиерлигата, по ремито кај Шефилд Јунајтед, изминатото 13 коло избраниците на Солшер ремизираа и против Астон Вила на домашен терен.

Англија

Поранешниот англиски репрезентативец Џермејн Џенас, кој подолг период од својата кариера го мина во дресот на Њукасл и Тотнем, упати жестоки критики за двоецот во нападот на Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд и Ентони Марсијал за нивното очајно издание во вчерашниот меч.

„Црвените ѓаволи“ одиграа само реми против Астон Вила со 2-2 на домашен терен, а Џенас верува дека Марсијал и Рашфорд можат да се наведат како главни виновници за очајната игра во офанзивните задачи на таа екипа.

Тоа што ме загрижува од тоа што го видов на мечот беше неподвижноста на фудбалерите, речиси како сите да стоеја на своите позиции“ вели Џенас.

Тешко им оди во пробивањето на средниот ред, забележав дека потребно им е да најдат начин како да влезат во казнениот простор на противникот, би го посочил Рашфорд кој беше целосно незабележителен целиот меч, кога почна да игра веќе беше доцна“ додава тој.

Имате тројца момци кои посакуваат да постигнат погодок, Рашфорд, Лингард и Марсијал. Општо, Манчестер јунајтед одигра очајно, тоа е малку засрамувачко, меѓутоа вреди да го напоменам, имате тренер како Оле Гунар Солшер кој веројатно би постигнал хет-трик на ваков натпревар“ заклучи Џенас алудирајќи на тоа дека Солшер сигурно би постигнал три погодоци на меч од ваков карактер.