24фудбал

Мбапе е подготвен да го обнови договоро со ПСЖ, но по еден услов

ПСЖ се обидува да ја продолжи верноста на Килијан Мбапе, на напаѓачот му е понуден нов договор но преговорите помеѓу двете страни се очекува да траат неколку месеци и играчот бара да му биде исполнет еден услов.

Франција

Килијан Мбапе често е дел од трансфер шпекулациите, Французинот е дамнешна желба на Флорентино Перез и се верува дека само прашање на време е кога тој ќе се пресели во Реал Мадрид.

ПСЖ секако не сака да остане без својата млада ѕвезда, па лидерите на клубот му понудија на напаѓачот нов договор.

Според пишувањата на Телефут, Килијан Мбапе и понатаму ги игнорира напорите на „светците“ и неговиот агент се уште му нема одговорено на Леонардо за понудата која ја имаат на маса. Фудбалерот до крајот на сезоната сака да се фокусира само на своите игри, па затоа одбива да дискутира за продолжување на соработката.

Новинарот на ТФ1, Жулиен Мајнар кој е близок до ПСЖ и особено до кланот на Килијан Мбапе, пак појаснува дека напаѓачот е подготвен за продолжување на соработката но по еден услов.

На Килијан Мбапе не му се допаѓа тоа што проектот на „светците“ стагнира три години и тоа што ПСЖ во Лигата на шампионите е елиминиран уште во осминафиналето. Голгетерот сака да почека да види каков ќе биде настапот на ПСЖ оваа сезона во најсилното европско натпреварување, а потоа и какви се плановите на Леонардо околку засилувањата на тимот за во иднина.

Французинот сака да ја освои Лигата на шампионите, па доколку ПСЖ му докаже дека има тим за триумф во Европа, тој ќе остане верен. Жулиен Мајнар исто така додава дека преговорите помеѓу двете страни ќе траат со месеци.