24фудбал

Секоја чест за Модриќ, ќе се појави во Париз за лично да му ја предаде „Златната топка“ на Меси!

Според пишувањата на Марка, Лука Модриќ иако не е номиниран, вечерва ќе се појави на церемонијата во Париз и лично ќе му ја предаде „Златната топка“ на Лео Меси.

Останато

Хрватот ја прекина доминациајта на Лео Меси и Кристијано Роналдо која траеше десет години и лани се закити со престижната индивидуална награда „Златна топка“. Тогаш, Лео Меси и Кристијано Роналдо разочарани што останаа без трофејот, не се појавија на церемонијата.

ЦР7 и оваа година нема да се појави бидејќи наградата ќе заврши во рацете на Лео Меси. Но за разлика од нив, Лука Модриќ е вистински фудбалски џентлмен. Според пишувањата на Марка, Лука Модриќ ќе присуствува на церемонијата и покрај тоа што не се најде ниту помеѓу 30-мината кандидати.

Весникот пишува дека Лука Модриќ ќе биде во Париз за лично да му ја предаде наградата на Лео Меси.