24фудбал

Скопје ќе биде домаќин на Светско фудбалско првенство на непризнаени земји

На почетокот од јуни на арената „Тодор Проески" ќе се игра Светско фудбалско првенство на непризнаени земји, потврди КОНИФА.

Останато

Конфедерацијата на независните фудбалски асоциации (КОНИФА) која ја сочинуваат територии кои не се признаени ниту од Обединетите нации ниту од ФИФА, објави дека Скопје ќе биде домаќин на нивно фудбалско првенство. Натпреварувањето ќе се одржи од 30 мај до 7 јуни.

„КОНИФА со возбуденост може да објави дека Светскиот фудбалски куп 2020 година ќе се игра во Скопје, Република Северна Македонија. Турнирот ќе се одржи од 30 мај до 7 јуни 2020 година. Не можеме да дочекаме да ги пречекаме сите во прекрасната земја Македонија!“, стои во соопштението на КОНИФА.

Во јануари ќе биде извршена ждрепката, тогаш ќе бидат познати учесничките. Земји кои би можеле да учествуваат на овој турнир се некои како Јужна Осерија, Тибет, Западна Захара, Хаваи...