24фудбал

„Телеграф“ тврди: Ибрахимовиќ се договорил со Милан

Златан Ибрахимовиќ се договорил со Милан, од јануари тој повторно ќе го облече дресот на Росонерите.

Италија

Ибрахимовиќ во текот на овој месец треба да стане слободен играч кога неговиот договор со ЛА Галакси ќе истече.

Се поврзуваше со неколку клубови од Европа, но англискиот весник „Телеграф“ тврди дека Ибрахимовиќ се договорил со Милан.

Имаше информации дека тоа што го бара Ибра и тоа што му го нуди Милан се разликува, но двете страни нашле компромис и се договориле.

Во наредните денови се очекува трансферот и официјално да биде објавен, а Ибрахимовиќ ќе може да настапува за Милан од јануари.