24фудбал

Модриќ: Ми беше чест да му ја дадам „Златната топка“ на Меси, ја заслужува!

Лука Модриќ е среќен што беше дел од церемонијата во Париз и прогласувањето на најдобрите во 2019 и покрај тоа што не беше номиниран, вели дека убава е практика стариот освојувач да му го предаде трофејот на новиот.

Останато

Лео Меси вечерва по шест пат ја подигна „Златната топка“, Аргентинецот до признанието од Франс Фудбал стигна пред Вирџил ван Дајк и Кристијано Роналдо. Трофејот на бината му го предаде Лука Модриќ, кој минатата сезона се закити со оваа престижна индивидуална награда.

Хрватот, кој не беше номиниран, се појави на церемонијата само за да го испочитува Аргентинецот и вели дека оваа пратика треба да се применува и во иднина.

„Горд сум што бев дел од оваа церемонија, ми беше чест да му ја дадам наградата на Меси, ја заслужува. Мислам дека одлична практика е тоа што освојувачот од минатата година му го предава трофејот на новиот освојувач, со ова се покажува почит и коегзистенција. Ние сме ривали, но не сме непријатели. Во фудбалот работите често се доведуваат на граница на екстремност и оваа иницијатива може да помогне да се подобрат работите. Ваква практика веќе има во другите спортови и ми се чини дека е добро да се спроведува и во фудбалот“ – вели фудбалерот на Реал Мадрид.