24фудбал

Луд меч со седум гола, голем пресврт и победа на Каљари во 96. минута! (ВИДЕО)

Сампдорија водеше со 2-0 и 3-1 на гостувањето кај Каљари но домаќините победија со 4-3 со гол постигнат во последните моменти од судиското продолжение.

Италија

Каљари и Сампдорија одиграа меч со седум голови од кои дури шест беа постигнати во второто полувреме.

Мрежите мируваа се до 38. минута кога Кваљарела од пенал донесе водство за Сампдорија од 1-0. По седум минути игра во вториот дел Рамирез зголеми на 2-0 за гостите.

Во 69. минута Наинголан намали на 1-2, но во следниот напад Кваљарела со својот втор гол ја врати предноста на Сампдорија од два гола, гостите поведоа со 3-1.

Но не траеше долго радоста, Жоао Педро погоди во 74. и 76. и израмни на 3-3.

Кога сите очекуваа дека натпреварот ќе заврши нерешено, Чери погоди со глава во 96. минута за победа на Каљари од 4-3.