24фудбал

Утешна награда за Роналдо, Португалецот е прогласен за најдобар играч во Серија А

Роналдо не се појави на церемонијата за „Златната топка“ бидејќи во Милано беше прогласен за најдобар фудбалер во изминатата сезона од Серија А.

Италија

Роналдо е прогласен за најдобар фудбалер во Серија А за сезоната 2018/2019 на гала церемонијата во Милано. Португалецот доцнеше на свеченоста, но се појави кога требаше, некое време пред да ја добие наградата.

Горд сум на оваа награда, им благодарам на соиграчите во Јуве и сите кои гласаа за мене. Серија А е тешко натпреварување, многу сум среќен“, изјави Роналдо.

За најдобар тим беше прогласена Аталанта која успеа да направи изненадување со пласманот во Лигата на шампионите, а Гасперини е најдобар тренер во Серија А.

Најдобрите 11 за изминатата сезона во Серија А се: Хандановиќ, Кансело, Кулибали, Киелини, Коларов, Барела, Пјаниќ, Иличиќ, Роналдо, Запата и Кваљарела.