24фудбал

„24ФУДБАЛ СКАУТ ФАНТАЗИ“: Ватфорд се „тресе“, очекувањата од Варди се големи

Во средината на оваа седмица ќе имаме можност да проследиме нова рунда натпревари во англиската Премиерлига, овој пат во рамките на 15 коло во најсилниот фудбалски шампионат на Островот, за натпреварувачите во „Фантази Премиерлигата“ тоа се нови возбудувања и предизвици како до повеќе бодови на мега популарната игра.

Останато

Добредојдовте во уште една анализа за „Фантази Премиерлига“, овој пат ќе започнеме со тоа дека ова коло ќе биде еден вид „поправен“ за нас, од причина што во претходното коло потфрливме, народски речено, „редно беше“, со оглед на тоа што за прв пат нашата анализа од самиот старт на новата сезона не донесе посебен резултат.

Нашиот главен совет во претходната анализа беше да го заштедите трансферот кој ви следува редовно, причината беше едноставна, очекуваме големи ротации во средината на оваа седмица, со оглед на бурниот распоред на Островот, па нека не ве зачуди доколку некој фудбалер кој би бил и голем фаворит за вас ова коло, се најде дури и на клупата за резерви ова коло, сепак, доколку не послушавте, сега имате поголем избор.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe

Во претходното коло нашата анализа освои вкупно 40 бода, а просекот на освоени бода тоа коло беше 51, капитенот Мане веројатно разочара многумина, а ништо посебно подобар не беше ниту Варди.

„24ФУДБАЛ СКАУТФАНТАЗИ“: Мурињо го враќа Мура онаму каде што припаѓа

Да започнеме најпрво со статистиката во делот за трансфери, од тоа што можеме да го проследиме, Деле Али од Тотнем е најкупуваниот фудбалер во моментов, станува збор за фудбалер кој се препороди по доаѓањето на Жозе Мурињо на клупата на тој состав. По Али, следи Лис Мусет од Шефилд Јунајтед, кој две кола во низа постигнува погодок, а тука е секако и Раул Хименез од Вулверхемптон кој во последните четири кола запиша три погодоци во низа, а во последниот меч асистираше.

Што се однесува пак до онаа „негативната“ статистика, таму го бележиме Тами Абрахам од Челси, кој е прв во оваа не баш популарна статистика, токму напаѓачот на Челси е фудбалерот од кого во моментов најмногу се ослободуваат натпреварувачите, причината секако е неговата повреда.

Абрахам го пропушти претходниот меч за Челси, меѓутоа од најавите кои пристигнуваат на Островот, се верува дека напаѓачот ќе биде подготвен за утрешниот дуел против Астон Вила на домашен терен.


Стандардно, во селекцијата сосема логично започнуваме со голманската позиција, ова коло предност би му дале на Каспер Шмајхел (5.3) од Лестер, кој со својата екипа на домашен терен го пречекува последно пласираниот состав во Премиерлигата, веројатно екипа која има најголеми проблеми во обидите за изборување опстанок во елитата.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe

Ова коло ќе играме во формациска поставеност 4-5-1, па така во дефанзивната линија сосема логично ќе го селектираме неверојатниот двоец Трент Александер-Арнолд (7.2) и Ендру Робертсон (7.1) од Ливерпул. Иако „Редсите“ играат големо градско дерби со својот ривал Евертон, очекувањата се тимот на  Јирген Клоп да нема проблеми на оваа пресметка, Евертон е во сериозна криза, а на Марко Силва од поодамна му се заканува отказ, веројатно е дека лидерот во Премиерлигата добро ќе ја искористи ситуацијата кај противникот.

Понатаму, следи феноменалниот Рикардо Переира (6.2) од Лестер, кој верувале или не, бележи пет меча во серија со одлични бодови зад своето конто, воедно тој всушност е дефанзивецот со најмногу освоени бодови во моментов. Переира минатото коло во самиот финиш запиша асистенција во голот на Ихеначо за победа на Лестер против Евертон, а Ватфорд е нова можност за Португалецот повторно да блесне.

Имавме мали дилеми околу тоа дали да го селектираме Џон Ландстрам (5.0) од Шефилд Јунајтед, со оглед на фактот што би си одземале барем една опција помалку во нападот, меѓутоа решивме да му укажеме прилика на вториот по најмногу освоени бодови кај дефанзивците во играта, кој воедно има предобар распоред во продолжението од првенството.

Шефилд Јунајтед ова коло на домашен терен го пречекува Њукасл, а да го селектираме Ландстрам притоа имаме и една добра причина зошто го правиме тоа, фактот што тој на играта се води како дефанзивец, но, во реалноста настапува како фудбалер од средниот ред, што е можност за повеќе бодови.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe

Првиот избор во средниот ред е Садио Мане (12.2) од Ливерпул, веројатно е дека Сенегалецот ќе сака да се поправи за претходното коло каде немаше некое посебно издание, а градското дерби со Евертон за него секако ќе биде дополнителна мотивација.

Кристијан Пулишиќ (7.5) од Челси „апстинира“ веќе две кола во низа, ние навикнавме да ги бележиме неговите погодоци и асистенции, па тоа од Американецот ќе го очекуваме во мечот против Астон Вила, каде Челси едноставно нема право на нов кикс по оној пораз на домашен терен од Вест Хем претходното коло.

Ватфорд е последна екипа во Премиерлигата во моментов, и веројатно најголем фаворит да се пресели во понизок ранг, а со оглед на фактот што оваа екипа гостува кај неверојатниот Лестер, веројатно би погрешиле доколку не селектираме ниту еден фудбалер од „Лисиците“ во средниот ред, таму ќе му укажеме доверба на Јури Тиелеманс (6.7). Белгиецот имаше можност да запише бодови на своето конто во победата над Евертон, меѓутоа „успеа“ да промаши во текот на мечот и нешто што е тешко да се промаши, па подобра можност за поправен на меч против екипа како Ватфорд веројатно нема.

Сигурно ќе има погодоци и ќе биде едно мошне интересно дерби на „Олд Трафорд“, Манчестер јунајтед на домашен терен го пречекува Тотнем, а ние стандардно ќе му укажеме доверба на Ентони Марсијал (7.7), Французинот кој се води како фудбалер од средниот ред на играта, меѓутоа настапува како осамен во нападот на „Црвените ѓаволи“. Марсијал за жал разочара во претходното коло во ремито на Манчестер јунајтед против Астон Вила на домашен терен, Французинот имаше шанси, но, истите не ги искористи.

Кристал Палас е екипа која нуди доста „ефтин“ избор на пазарот, но избор кој истовремено многу ветува. Конечно, на Вилфред Заха (6.7) му тргна, тој бележи два гола во серија во Премиерлигата, па неговата серија може да продолжи и на дуелот против Борнмут на домашен терен, а токму со Заха го заокружуваме изборот во средниот ред.

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe

Шест кола во низа Џејми Варди (9.9) постигнува погодок за Лестер, а како што напоменавме погоре во анализата, зарем има поубава можност серијата за напаѓачот да продолжи ако се земе во предвид дека пред себе ќе има противник кој има неверојатен минус во гол разликата (-19), што воедно е најслабиот генерален учинок во гол-разликата во најсилниот фудбалски шампионат на Островот во моментов.

 

ПРЕДЛОГ-СОСТАВ: ШМАЈХЕЛ (5.3); АЛЕКСАНДЕР-АРНОЛД (7.2), РОБЕРТСОН (7.1), ПЕРЕИРА (6.2), ЛАНДСТРАМ (5); МАНЕ (12.2), ПУЛИШИЌ (7.5), ТИЕЛЕМАНС (6.7), МАРСИЈАЛ (7.7), ЗАХА (6.7); ВАРДИ (9.9)

Капитен: ВАРДИ

Заменик-капитен: Заха

 

КОД ЗА ВЛЕЗ ВО ЛИГАТА НА „24ФУДБАЛ“: ah7lqe

 

Традиционално, нашата анализа ја заокружуваме со осврт на случувањата во лигите, најпрво ќе ја проследиме ситуацијата во генералната лига на „Македонија“, таму прв е Александар Неделковски со вкупно освоени 888 бода, имате можност да го проследите неговиот избор.


Во Лигата на „24фудбал“ лидер е Љубомир Игнов, а тој досега има освоено 851 бод, имате можност да го проследите и неговиот избор.


Среќно до сите натпреварувачи ова коло, се надеваме дека нашата анализа ќе вроди со плод и ќе ви помогне во изборот, не заборавајте да се приклучите во лигата на „24фудбал“, кодот е следен: ah7lqe