24фудбал

Волку мала разлика тешко дека имало некогаш, Меси доби 686 поени, Ван Дајк 679! (ФОТО)

Франс Фудбал ги објави гласовите за „Златната топка“, Лео Меси стигна до трофејот пред Ван Дајк со само седум бодови повеќе, волку мала разлика немало никогаш.

Останато

Лео Меси стана првиот играч кој може да се пофали со шест трофеи „Златна топка“, Аргентинецот синоќа беше прогласен за најдобар играч во сезоната во изборот на Франс Фудбал.

Но лесно можеше да се случи Вирџил ван Дајк да се радува на првиот трофеј и да биде првиот дефанзивец по Фабио Канаваро кој стигнал до оваа престижна индивидуална награда.

Франс Фудбал го објави конечниот распоред, Лео Меси добил 686 бодови при гласањето на новинарите ширум светот, додека пак Вирџил ван Дајк добил 679 бодови. Разликата од само 7 бода е една од најмалите во историјата на „Златната топка“.